Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и денеска, на големиот празник Богојавление – Водици, беше со граѓаните на општина Струмица. Тој присуствуваше на фрлањето на светиот крст во водите на базенот Аквариус. Крстот го фати Иво Јонков од Русе, Република Бугарија, а градоначалникот Заев му подари Крст реликвијар од локалитетот „Цареви Кули“.
Честитајќи му го фаќањето на крстот, градоначалникот му посака многу здравје, среќа и успех.
Градоначалникот Заев, им го честита овој голем празник на сите православни верници кои денеска го празнуваат со желби за многу здравје и спокој во семејствата.