Синоќа во големата сала во центарот за култура „Антон Панов“, се одржа традиционалниот концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“. Струмичани кои ја наполнија салата уживаа во прекрасните изведби на учениците. На концертот присуствуваа вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица Костадин Костадинов, претседателот на советот Јосиф Христов и членови на истиот.
Пред концертот беше отворена изложбата на фотографии од минатогодишното издание на струмичкиот карневал.Карневалските свечености продолжуваат вечерва со карневалското дружење на гостите од странство со претставниците на карневалските групи од Струмица, а свеченото отворање на овогодинешното издание на карневалот ќе се одржи во хотелот „Сириус“ со традиционалниот маскенбал кој ќе започне во 21 часот, а на кој ќе бидат избрани принцот и принцезата кои ќе ја предводат главната интернационална карневалска поворка в сабота која ќе стартува во 18,30 часот.