Со детскиот карневал, кој се одржува традиционално на Прочка, денеска продолжија карневалските празнувања во Струмица. И најмладите струмичани, со помош на повозрасните ги презентираа своите маски меѓу кои доминираа ликовите од од омилените детски јунаци, но и други креации создадени со многу љубов и труд.Карневалските празнувања продолжуваат утре со објавување на резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер, со традиционалното варење на бел грав на плоштадот, а утревечер ќе биде отворена изложбата на карикатури и ќе бидат доделени наградите од наградниот конкурс за афоризми и карикатури на тема „Карневал“.