По дводневна напорна работа екипите на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ го санираа дефектот на главниот цевковод од браната „Турија“ кој ја носи водата до филтер станицата. По санирањето на дефектот следува полнење и перење на цвеководот и нормализирање на технолошкиот процес во филтер станицата и ако се биде во ред граѓаните на градот Струмица и петте населени места Просениково, Добрејци, Баница, Градско Балдовци и Дабиле во раните вечерни часови ќе добијат вода за пиење.
Тука беше направена штета на две водоводни цевки Ф 600, целосно беше уништена подлогата и беа лизнати во реката Турија. Уште од вчера почнавме со санација, при што прво правевме насип на целиот терен, околу илјада метри кубни материјал се донесе овде за да се изврши насип до висина на водоводната цевка, се поставуваше тампон подлога за да може на цврсто да се постават овие водоводни цевки бидејќи целосно беше уништена подлогата. Сега сме во фаза на привршување на работите и очекуваме дека се ќе биде во најдобар ред, скоро 48 часа граѓаните на Струмица се без вода, толку ни беше потребно со сите сили кои што ги имаме на располагање да го санираме овој дефект, изјави Стојан Ефтимов раководител на работната единица „Водовод“ при ЈПКД „Комуналец“.