Општина Струмица денеска го промовираше првиот веб портал на првиот Локален Економско Социјален Совет формиран во државата во рамките на проектот УСАИД Мрежа Јес.Овој портал треба да биде нова можност, алатка за воспоставување двонасочна комуникација со една единствена цел да се практицира социјалниот дијалог во локалната заедница и секако во државата.
Се надевам дека овој веб портал ќе им даде можност на граѓаните своите иницијативи и идеи во рамките на своите потреби да ги артикулираат до официјалниот Локален Економско Социјален Совет на општина Струмица кој што е легитимно советодавно тело на Советот на општина Струмица да ги промовираат своите заложби, а со цел заедно да работиме и да придонесуваме во креирањето на општинските политики и да влијаеме на Советот на општина Струмица заради подобрување на општествениот амбиент во локалната заедница. Се надевам дека сите заеднички ќе ја искористиме оваа можност и уште еднаш ќе покажеме дека општина Струмица секогаш е лидер во многу нешта па и во овој сегмент и се надевам дека ќе бидеме пример и за другите веќе воспоставени Локални Економски Социјални Совети во државата да го практикуваат овој модел, рече Тони Милушев, претседавач на Локален Економско Социјален Совет на општина Струмица.Промовирањето на првиот ЛЕСС веб портал го поздрави Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица.Струмица била и ќе продолжи да биде општина пионер и општина предводник за многу позитивни случувања и резултати кои одат во прилог на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните, растот на економијата, вработувањето на младите и вклучување на ранливите категории во сите општествени текови. Ја изразувам мојата голема благодарност за напорите што ги вложува ЛЕСС Струмица во поддржувањето, охрабрувањето и градењето социјален дијалог како фактор за позитивни општествени промени во Република Македонија, рече Христов.Со општина Струмица постигнавме одлични резултати и ќе продолжиме и понатаму заедно да работиме, истакна Ѓорѓи Кушевски, директор на проектот УСАИД Мрежа ЛЕС.Проектот на УСАИД младинска мрежа за стекнување вештини за вработување има за цел подобрување на вештините на младите за вработување и нивна подобра конкуренција на пазарот на трудот. Една од основните цели на кој работи проектот е зајакнување на дијалогот помеѓу сите заинтересирани страни кои учествуваат во подобрувањето на вештините за вработување на младите , а тоа се образовните институции, општината, бизнис секторот, агенцијата за вработување и невладиниот сектор во локалната самоуправа, рече Кушевски.
Локалниот Економско Социјален Совет на општина Струмица кој е прв во Македонија, со работа почна во декември 2011 година.