Општина Струмица спроведе истражување за успехот на учениците во основните училишта

Во рамките на надлежностите кои со децентрализацијата ги добија општините произлегува и делумната либерализација во донесувањето на одлуки во воспитно-образовниот процес на локално ниво. Со општинските образовни политики кои се креирани преку заеднички активности на училиштата и општината како нивен основач, се развиваат и унапредуваат процесите за квалитет во образованието на сите нивоа.

Обезбедувањето на оптимално тековно одржување, превозот на учениците, загревањето на објектите и други форми на дејствување кои општина Струмица ги препознава во меѓусебната соработка со воспитно-образовните институции, секако придонесуваат до подобрени услови за работа и постигнување подобри резултати во работењето.Општина Струмица, како основач на основните училишта ги следи постигнувањата на учениците преку нивниот успех добиен преку училишното оценување во секојдневната наставничка пракса, што како елементи се застапени во полугодишните и годишните извештаи на училиштата. За таа цел е спроведено истражување, за да се добие сознание за постигнатиот успех на учениците и да се изврши споредба на ниво на сите училишта на територијата на општина Струмица со состојба од крајот на првото полугодие од учебната 2014/15 година.

Во истражувањето се опфатени 2.197 ученици од шесто до деветто одделение  во деветте основни училишта во општина Струмица.

Една од целите на истражувањето е и да се информираат училишните одбори, советите на родители и стручните органи и тела од основните училишта од општина Струмица, да се согледа важноста на следењето, проверувањето и оценувањето на учениците во основните училишта и добиените показатели да се користат како повратни информации за отворени трибини, дебати и советувања во врска со оценувањето и постигањата на учениците.

Од анализата на податоците може да се види дека на ниво на сите основни училишта во општина Струмица, средниот успех на учениците по одредени наставни предмети изгледа вака:

ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ-за 621 ученик

Мак. Јаз.

Матем.

Англ. Јаз.

Втор стр.

Информ.

Историја

Прир. н.

ФЗО

3,44

3,20

3,40

3,51

3,31

3,33

3,45

4,37

СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ-за 637 ученици

Мак. Јаз.

Матем.

Англ. Јаз.

Втор стр.

Информ.

Геогр.

Историја

Етика

3,47

3,25

3,53

3,46

3,55

3,42

3,47

4,87

ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ-за 368 ученици

Мак. Јаз.

Матем.

Англ. Јаз.

Втор стр.

Биолог.

Геогр.

Истор.

Физика

Хемиј.

3,51

3,32

3,53

3,37

3,48

3,42

3,48

3,24

3,33

ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ-за 571 ученик

Мак. Јаз.

Матем.

Англ. Јаз.

Втор стр.

Биолог.

Геогр.

Истор.

Физика

Хемија

3,55

3,26

3,61

3,34

3,47

3,99

3,50

3,24

3,18

Презентација на средниот успех на учениците  во основните училишта во општина Струмица

Истражување за средниот успех на учениците во основните училишта во општина Струмица