Во малата сала на домот на АРМ, денеска, се одржа јавна расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина на проектот: Пречистителна станица за отпадни води на територијата на општина Струмица.Студијата е подготвена во рамките на проектот „Подготовка на проектни студии (FS, CBA, EIA), проектна документација за инвестицискиот проект за собирање и третман на отпадни води во општините Струмица, Битола и Тетово“ EuropeAid/133257/D/SER/MK.
Сигурно е дека проектот е многу позитивен, бенефициите од него се јасни и недвосмислени, ќе се добие во подобрување на квалитетот на животната средина, квалитетот на водите во струмичкиот базен и ќе се добие подобар квалитет на живеење во самата општина. Јавноста треба да биде запозната за овој проект бидејќи во просторот ќе се случуваат одредени активности и подоброто прифаќање на проектот е повеќе од гаранција дека истиот ќе биде успешно завршен, изјави Менка Спировска, експерт за оценка на влијание врз животна средина.Со овој проект нема да се опфаќаат само водите од градот Струмица, туку и околните населени места, односно, оние кои можат по гравитационен пат да се вклучат со колекторскиот ситем за да се прочистуваат нивните отпадни води.