Со прекрасни карневалски креации што ги понудија на синоќешниот детски маскенбал кој се одржа во ресторанот „Сент Џорџ“, најмладите го стартуваа годинашното издание на традиционалниот струмички карневал. Принцови и принцези, барбики, кловнови, буба мари и други омилени актуелни ликови, беа само дел од богатата понуда на маски на околу 250 деца кои учествуваа на овој маскенбал кој за прв пат се одржа во рамките на карневалските празнувања. Димитар Поп Пецев и Елена Митрова беа избрани за принц и принцеза и тие ќе ја предводат карневалската поворка на детскиот каренвал кој ќе се одржи в недела, на Прочка.