Организациониот одбор на струмичкиот карневал и денеска на чист понеделник, го организираше традиционалното јадење на бел посен грав на плоштадот „Гоце Делчев“. Покрај претседателот на одборот, Александар Цицимов и негови членови, присуствуваа Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица, членови на истиот и поголем број граѓани, почитувачи на оваа традиција.