Претставници од општинската администрација и Центарот на заедници од општина Струмица, присуствуваа на работилница на која подетално беа разработени стратешките приоритети на oпштина Струмица за развој на образованието, социјалната заштита, работата со младите и соработката со граѓанските организации.
Преку перспективите на задоволни граѓани, обезбедување услуги, развој на капацитети и управување со буџетот, а со цел да се исполнат очекувањата на концептот „Oпштина по мерка на граѓаните“, за секоја област се подготвија акциони планови за долгорочен период.Стратегијата на Општина Струмица е подготвена на консултативен и партиципативен начин, со значителна вклученост на претставниците од воспитно-образовните институции, граѓанските организации и општинската администрација во периодот од март-ноември 2014 година, а акционите планови ќе значат операционализација на секоја поодделна активност со показатели на активноста, поврзаност со другите области, период на имплементација, како и обезбедени финансиски ресурси и одговорни за имплементацијата.