Општина Струмица ја олесни комуникацијата со граѓаните со посебни потреби. Тони Милушев, раководител на одделението за локален економски развој и Нела Масалковска, соработник во истото одделение, се назначените лица на општината за комуникација со граѓаните кои што имаат одреден вид и степен на попреченост во развојот.
Тие добија сертификати по успешно завршената обука во рамките на проектот „Достапна администрација за лица со хендикеп“.Со ова општина Струмица придонесува во надминувањето на бариерите и стереотипите со кои што се соочуваат лицата со хендикеп и ги подобрува условите за остварување на нивните граѓанските права и обврски.