Од денеска, Струмица е домаќин на државното првенство во одбојка за средни училишта во машка конкуренција. Во спортската сала на средното општинско училиште „Никола Карев“, првенството за отворено го прогласи Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица.Овој наш град многу пати до сега бил домаќин на значајни спортски манифестации во разни спортови, почнувајќи од државни, па се до европски првенства и секогаш без исклучок, бил одличен организатор и домаќин.