По повод претстојниот празник на жената – Осми март, денеска, ученици од основното општинско училиште „Маршал Тито“ им подарија подароци на жените од здружението на пензионери во Струмица. Оваа активност се реализираше во рамките на проектот „Нансен модел за интегрирано образование“.Учениците кои се дел од овој проект, оваа година по повод денот на жената, решија своите изработки на воннаставните активности да ги подарат токму на оваа категорија жени.
Ние пет години работиме нансен модел за интегрирано образование во нашето училиште, учениците кога започнаа беа прво одделение сега се петто одделение и им е последна година. Активностите од проектот течат редовно со месечни работилници заедно со родителите. На овие месечни работилници правиме план какви активности ќе имаме во текот на наредниот месец. Идејата за оваа активност произлезе од родителите на претходната работилница учениците да изработат рамки за фотографии кои ќе ги подарат на жените пензионерки од општина Струмица, рече Љубинка Цветанова, одделенски наставник во ООУ „Маршал Тито“.Од името на жените пензионери на учениците од ООУ „Маршал Тито“ им се заблагодари Данче Даскаловска, претседател на Здружението на пензионерите во Струмица.