Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ почна со активностите за пролетно хортикултурно уредување на градот. Деновиве се уредуваат жардинериите на булеварот „Ленинова“, на потегот од крстосницата со улицата „4-ти јули“ до крстосницата со булеварот „Маршал Тито“ (поранешен СОК), а ќе се засадат и нови видови на дрвца.
Активностите ќе продолжат на плоштадот „Гоце Делчев“ каде ќе се засадат листопадни дрвца кои ќе формираат поголеми крошни за поголеми сенки во летниот период, а на одредени површини ќе се засадат и сезонски цвеќиња.Во планираните пролетни активности на ЈПКД „Комуналец“ е и уредувањето на дворот на домот на АРМ. Пред влезот во истиот од двете страни ќе бидат поставени клупи, а ќе се изврши и соодветно хортикултурно уредување.