Гаснењето на запалени оџаци и отпаден материјал во минатата недела биле најчестите интервенции на Територијалната професионална противпожарна едница на Струмица. Од вкупно 15 интервенции, единаесет се гаснење на запален оџак во индивидуални семејни куќи и колективни станбени згради и отпаден материјал. Во останатите интервенции се гаснење на опожарен летниковец, превентивно делување од опожарување на плински уред и електрична инсталација и техничка интервенција во сообраќајна несреќа.