Во рамките на Програмата за изградба, реконструкција и одржување и заштита на локалните патишта и улици на територијата на општина Струмица во 2014 година во руралните подрачја, реализирани се вкупно 21 проект.Во Куклиш извршена е реконструкција на зафатна градба со таложница на Српска река за водоснабдителен систем и поставени цевки за пропуст на атмосферски канал кај пречистителната станица.
Во населеното место Раборци изведен е водоснабдителен систем со потисен и доводен цевковод, во Попчево е заменета дотраената водоводна линија, во Банско изграден е потпорен ѕид и бетонирана улица, во Дабиле покрај бетонирање на улица, извршено е и чистење на каналите.Во населеното место Рич изградено се игралиште и настрешница, а поставени се и салонитни цевки за пропуст на атмосферски води, во Градско Балдовци изведена е атмосферска канализација, во Габрово поставени се цевки за пропуст на атмосферски води и е извршено чистење на пропусти од атмосферски канали, во Костурино извршено е чистење на атмосферските канали, а во Сачево отворен е атмосферски канал и тампониран е локален пат покрај гробиштата. Во населеното место Вељуса е изведена и асфалтирана улица, а на патот од ова кон селото Водоча извршено е чистење на дивата депонија. Во населеното место Свидовица е поставена автобуска постројка, а саниран е и потпорен ѕид на патниот правец од Костурино до Дорломбос.Извештајот за реализација на програмата за изградба, реконструкција и одржување и заштита на локалните патишта и улици на територијата на општина Струмица за 2014 година беше усвоен на последната седница на Советот на општината.И во оваа тековна 2015 година ќе продолжи подобрување на условите за живот во скоро сите рурални подрачја на општината.