Градоначалникот на Општина Струмица :
ОБЈАВУВА
Издавање на Б Интегрирана Еколошка Дозвола на АГРОПРОИЗВОД увоз – извоз КАМЕНОЛОМ СКРКА Рич Белотино Струмица- Инсталација за ископ , дробење и сеење на минерални суровини
Врз основа на член 113 , член 122 став 4 од Законот за заштита на животната средина (Сл.в на РМ бр:53/2005 , 81/2005 , 24/2007, 159/08 , 83/2009 , 48/2010 , 124/2010 , 51/2011 , 123/12, 93/13 , 187/13 и 42/14 ) , Градоначалникот на општина Струмица , издаде Б Интегрирана Еколошка Дозвола на операторот АГРОПРОИЗВОД увоз – извоз КАМЕНОЛОМ СКРКА Рич Белотино Струмица.
Подносител на барањето:
АГРОПРОИЗВОД увоз – извоз КАМЕНОЛОМ СКРКА Рич Белотино Струмица- Инсталација за ископ , дробење и сеење на минерални суровини
Адреса на подносителот:
Рич-Белотино бб Струмица
Контакт лице:
Зоран Стојков
Категорија на инсталацијата:
3.,Прилог2
3. Индустрија на минерали
3.2 Инсталации за ископ , дробење , мелење , сеење , загревање на минерални суровини
(Сл.весник 89/05):
Вид на активности:
Инсталација за ископ , дробење и сеење на минерални суровини
Целокупната документација содржана во барањето , програмата за подобрување на активностите за заштита и унапредување на животната средина кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација ќе бидат достапни за заинтересираната јавност во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Дозволата во Дневник и на web страната на општина Струмица www.strumica.gov.mk, во Одделението за заштита на животната средина во просториите на ДОМ на АРМ во Струмица
Секој работен ден од 08.00-16.00 часот
Контакт телефон : 076/483-300.
ГРАДОНАЧАЛНИК
на ОПШТИНА СТРУМИЦА
Зоран Заев