Согласно законот за превоз во патниот сообраќај, општина Струмица и официјално ја започна постапката за издавање сертификати за овластени такси превозници. Првите девет пријавени кандидати го положија испитот и добија уверенија врз основа на кои градоначалникот Зоран Заев,
ќе ги издаде сертификатите за овластени такси превозници. Кирил Парталов, секретар на општина Струмица, денеска, информираше за активностите на општината во подигањето на квалитетот на услугите во авто – такси превозот.Од вчера во општина Струмица започна полагањето на испитите за авто – такси превозот што согласно законот за превоз на патниот сообраќај е надлежност на општината. Веќе денеска одржавме и заеднички работен состанок со претставниците на авто-такси компаниите кои што гравитираат во струмичкиот регион, а се со цел поквалитетно одвивање и вршење на оваа надлежност како единствен јавен превоз кој што се врши на територијата на општина Струмица. На овој состанок самите авто – такси компании беа запознати со начинот на издавање на сертификатите, а беа разгледани и повеќе прашања околу функционирањето на авто – такси превозот, а што е во надлежност на општината, како што се обврските околу такси стојалиштата, бојата и обележувањата на самите возила и секако обврските од страна на авто – такси компаниите. Значи целта на средбата беше квалитетно извршување на услугите во авто – такси превозот во општина Струмица, рече Парталов.