Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ од вчера почна со чистење на дел од одводните канали во населеното место Добрејци. Освен чистењето на одредени места се поставуваат и цевки за подобар проток на атмосферските води. Овој зафат се реализира со средства од буџетот на општина Струмица.