Во просториите на домот на АРМ интензивно се работи на преадаптација и ентериерно уредување на сала на Советот на општина Струмица. Со овој зафат се опфатени 250 метри квадратни, а се реализира со грант од Фондацијата отворено општество Македонија и со средства од општинскиот буџет.Според Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица, во оваа сала, на седниците на Советот ќе можат да присуствуваат и заинтересирани граѓани.