Почитувани членови на Струмичкиот театар,
Театарот е една од најстарите и највозвишените уметности што ги смислил креативниот човечки ум. Денес божицата Талија има причина да биде среќна, весела и горда и заедно со сите театарџии од светот да го слави 27. Март – Меѓународниот ден на театарот. Во чест на овој ден, нека крцкаат ,,штиците што живот значат,, под нозете на актерите, нека биде на показ сценската игра пред љубителите на театарската уметност и нека се слави театарот како безвременско уметничко огледало на животот.
Зборовите од светската порака на Брет Бејли и националната порака на Ѕвезда Ангеловска нека најдат место во душите на сите Вас кои оставате белег на театарската сегашност и ги премостувате театарското „вчера“ со театарското „утре“.Струмичкиот театар со своето успешно 66 – годишно постоење, претставува вистински репрезент на струмичката и македонска култура и гордост на секој струмичанец. Искрено се надевам и силно верувам дека оваа респектабилна институција ќе го продолжи својот успешен пат и ќе го врати сјајот од некогашните ѕвездени мигови.Ви го честитам Светскиот ден на театарот и ви посакувам успех на премиерата на претставата „Кабинетот на професорот Тарана“.