Претставници на општинската администрација и Советот на општина Струмица, а во рамките на проектот за промоција на родово одговорни политики, учествуваат на дводневна обука која што се одржува во Струга.Обуката која ја организира канцеларијата на
UN Women се фокусира на главните концепти за родово одговорно буџетирање, алатките и нивната примена во процесите на планирање и буџетирање на локално ниво.Истата претставува основа за претстојната менторска работа и е од неопходно значење за сите понатамошни активности на општинската институционализација на родово одговорното буџетирање.Струмица е меѓу десетте пилот општини во кои се реализира овој проект.