По повод седумгодишнината од постоењето, претставници на Младинскиот совет на општина Струмица на градоначалникот Зоран Заев му подарија портрет со негов лик. При врачувањето на портретот тие истакнаа дека со овој подарок му се заблагодаруваат за неговата континуирана поддршка во изминатите седум години со која се реализираа бројни активности и тоа не само во интерес на младите, туку во интерес на сите граѓани на општина Струмица. Градоначалникот Заев, заблагодарувајќи им се на младите рече дека Младински совет даде голем придонес во зголемувањето на квалитетот на животот во општината.