Голем успех на учениците од музичкото училиште на регионалниот натпревар во Штип

Учениците од музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица постигнаа одлични резултати на регионалниот натпревар за основно и средно музичко образование кој што се одржа во Штип. На натпреварот учествуваа наградените ученици од општинскиот натпревар и натпреварувајќи се во повеќе категории освоија 14 први награди, 5 втори, добија 3 специјални награди и 2 пофалници.И учениците и наставниците од „Боро Џони“ се надеваат на големи успеси и на државниот натпревар кој од 24 до 26 април ќе се одржи во Скопје.