Поради дефект на водоводна цевка до 12 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето на улицата „Ванчо Прке“, на потегот од улицата „Маршал Тито“ до улицата „Светозар Марковиќ“. Во исто време прекин во водоснабдувањето ќе има и на улицата „Димитар Влахов“ на потегот од улицата „Ленинова“ до улицата „Ванчо Прке“. Екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ работат на отстранување на дефектот.