Синоќа во Домот на АРМ се одржа богата програма по повод претстојниот патронен празник на основното општинско училиште „Видое Подгорец“ од Струмица. ООУ „Видое Подгорец“ училиште – дом за предизвици и успеси, вака беше насловена богатата и разновидна програма во која учествуваа членовите на повеќе секции кои успешно работат при ова училиште.