Со поставувањето на вештачката трева и оградувањето, заврши првиот дел од градежните активности на помошното игралиште на стадионот „Младост“ во Струмица. Тоа веќе стана модерен фудбалски терен со стандардни димензии за одржување на натпревари, кој во сабота и официјално ќе биде пуштен во употреба. Во втората фаза од овој проект планирано е да се направат соблекувална, трибини со капацитет од 200 седишта, ќе бидат поставени рефлектори, а ќе се изврши и партерно уредување. Овој проект чини вкупно 430 илјади евра, од кои 330 илјади евра се од буџетот на општина Струмица, а 100 илјади евра е донацијата за вештачката трева од УЕФА преку ФФМ.