Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, синоќа во големата сала на центарот за култура „Антон Панов“ се одржа велигденски хуманитарен концерт, а во организација на Младинскиот совет и со поддршка на општина Струмица.На концертот кој се одржа по петти пат настапија младите струмички таленти, а со своето присуство хуманоста ја потврдија поголем граѓани, меѓу кои и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и членови на истиот.