Во организација на Центарот на заедницата на општина Струмица, денеска, во домот на АРМ се одржа инфо-средба со земјоделците. Главна тема на средбата беше земјоделското осигурување, можностите и придобивките од осигурителните полиси, а беа презентирани и осигурителните политики на самите компании.
За последните поплави и предизвиканите штети од истите на територијата на општина Струмица, зборуваа Кирил Парталов, секретар на општина Струмица и Ацо Ѓоргиев, член на Советот на општина Струмица и претседател на Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди.Денешниот настан беше поучен и корисен за граѓаните на општина Струмица. Брокерите ги објаснија начините на кои може да се врши обесштетување преку осигурителните компании, а имајќи ги во предвид и субвенциите кои што ги нуди државата за да можат да се користат и овие начини на обесштетување, а не само да бидат обесштетувани преку општинските комисии од соодветните државни органи. Еве, еден податок од 2013 година, тогаш по поплавите имавме поднесено вкупно 1.447 барања и само еден граѓанин беше осигуран и беше корисник на субвенција која што е дадена од страна на државата, рече Парталов.На денешната инфо – средба се разгледуваше и можноста за штедење со цел земјоделците да можат да остварат право на пензија и осигурување од повреди.