Согласно програмата за улици и патишта на општина Струмица за 2015 година, почнаа подготовките за асфалтирање на спојот на улицата „Мара Минанова“ со улицата „Антон Панов“ во Струмица. Денеска се поставуваа рабниците, а во наредните денови ќе биде поставен и асфалтот на вкупна површина од 1.200 метри квадратни.