Во рамките на својата транспарентност, која што општина Струмица од секогаш ја имала, претседателот на Советот на општината, Јосиф Христов и членовите на Комисијата за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и природата, при истиот, учествуваа во отворениот ден кој што го организараше Центарот на заедницата на општина Струмица, а во рамките на својот годишен работен план за 2015 година.
На средбата присуствува и Стојан Динев, раководител на секторот за урбанизам и комунални работи, вработени во општинската администрација, претставници на граѓанскиот сектор, претседателите на месните и урбаните заедници и сите заинтересирани граѓани на општина Струмица.Целта на средбата на граѓаните и советниците, беше да се доближи работата на Комисијата до граѓаните, но и да се овозможи граѓаните да се вклучат со свои предлози во носењето одлуки на локалната самоуправа.Оваа средба значи еден поттик кој води кон позитивно решавање на проблемите и подобри контакти со граѓаните на општина Струмица и пошироко. Се дава можност комуникацијата и транспарентноста да бидат уште поголеми преку директното запознавање со работата на комисијата и се дава можност на граѓаните да се вклучат со директни прашања во процедурите и постапките на кои конкретно се дава одговори, рече Стојан Динев раководител на секторот за урбанизам и комунални работи при општина Струмица.Оваа средба е прва од ваков тип организирана од Центарот на заедницата на општина Струмица, кој според најавите ќе продолжи со отворените денови, односно, со средбите на граѓаните и претставниците од Советот на општина Струмица и членовите на одделните комисии при истиот.