Основното општинско училиште „Видое Подгорец“ го освои првото место на општинскиот натпревар по сообраќај за основните училишта „Детски семафор“. Второто место го освои ООУ „Сандо Масев“, а третопласирано е ООУ „Маршал Тито“ од Муртино. Натпреварувачите беа поделени во мала и голема група, а се натпреваруваа во полагање писмен дел и во вешто возење на велосипеди на посебен полигон.
Во поединечна конкуренција (машки) голема група, првото место го освои Иван Донев, второто Васил Павлов и третото место му припадна на Александар Терзиев, а во малата група, Ненад Рабровалиев го освои првото место, второто го делат Филип Певкев и Панче Палифровски, а третото место го освои Христијан Пеливанов.Во категоријата мала група (женски) првото место го освои Марија Манева, второто Сара Стојанова и третото место го освои Александра Котева, а во големата група, најдобра беше Велика Карајлиска, второто место го освои Марија Пиливанова, а третопласирана е Зуле Коцева.Првонаградените од големата група и прво и второнаградените од малата група ќе учествуваат на регионалниот натпревар кој на 9 мај ќе се одржи во Струмица.