Согласно програмата за патишта и улици на општина Струмица за 2015 година, почна санирањето на ударните дупки на улиците во градот. Според информациите од одделението за комунални работи, денеска, се санираа дупките на улицата „Ѓуро Салај“.
Во наредниот период со овој зафат ќе бидат опфатени булеварот „Ленинова“, улиците „5-ти ноември“, „Маврово“, „Гоце Делчев“, „Јанко Цветинов“, „Крушевска Република“, „Климент Охридски“, дел од индустриската зона „Север“ и дел од улиците во населеното место Градско Балдовци.