Учениците и вработените во средното општинско училиште „Јане Сандански“ денеска слават два големи јубилеја – 100 години од смртта на револуционерот чие име го носи училиштето и 70 години настава на македонски јазик.
По тој повод, денеска, пред бистата на патронот беше положено свежо цвеќе, а ученици од основните училишта го посетија и се запознаа со работата на ова средно училиште.Одбележувањето на патрониот празник продолжува вечерва со свечената академија која со почеток во 20 часот ќе се одржи во центарот за култура „Антон Панов“. Покрај најавената богата програма, ќе бидат промовирани и химната и знамето на училиштето и монографијата 70 години настава на македонски јазик во СОУ „Јане Сандански“.