Јавен конкурс

Врз основа на член 10 и 11 од Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04 и 89/08), Одборот за подигање на спомен – обележја при Советот на општина Струмица, на седницата одржана на 17.04.2015 година, распишува

ЈАВЕН  КОНКУРС

за изработка на идеен проект за подигање на спомен – обележје на

загинатите пилоти од хеликоптерската единица на МВР

Цел на конкурсот

Цел на конкурсот е да се дојде до избор на идејно решение на спомен – обележје (споменик) на загинатите пилоти од хеликоптерската единица на МВР, согласно идејно – естетските аспекти за подигање на спомен – обележјето, локација и лоцираност со сите графички прилози кои ќе им бидат доставени на учесниците на конкурсот.

Вид на конкурсот

Конкурсот е јавен, анонимен и право на учество имаат сите правни и физички лица, државјани на Република Македонија.

Конкурсот трае 30 дена од денот на објавувањето.

Секој од учесниците има право да учествува со по еден идеен проект.

Документацијата се добива во зградата на Општина Струмица (соба број 7) почнувајки од денот на објавувањето на конкурсот со приложен доказ со уплатена сума од 100 денари (неповратни), Буџет на општина Струмица, НБРМ со сметка 100000000063095, уплатна сметка 840 166 03182, приходна шифра и програма 722315, со назнака „за конкурс за спомен – обележје на загинатите пилоти“.

Документацијата може лично да се подигне на наведената адреса.

Конкурсните трудови се предаваат во архивата на Општина Струмица, ул. „Сандо Масев“ бр. 1, лично или по пошта. Во конкурсниот труд мораат да бидат приложени два затворени плика. Во првиот со ознака „автор“, треба да биде ставено името и презимето на авторот, ЕМБГ и трансакциона сметка, а во вториот плик со назнака „адреса за враќање и контактирање“ треба да биде ставена адресата за враќање на трудот, адресата за контактирање со учесниците на конкурсот по неговото завршување и телефонски број. На пратката на трудот треба да стои назнака „за конкурсот за  идејно решение на спомен – обележје на загинатите пилоти од хеликоптерската единица на МВР“. Учесниците на конкурсот може да поставуваат прашања на тел. број 034/336-195 (соба број 7).

Награди

Од пристигнатите трудови што ќе ги исполнат конкурсните услови и програмските барања, се предвидува да бидат доделени 3 (три) награди и тоа: прва награда во износ од 20.000 денари, втора 12.000 денари и трета награда 8.000 денари.

Доделените награди ќе им бидат исплатени на наградените најдоцна до 30 дена по објавувањето на резултатите од конкурсот. Со исплатата на наградите на авторите на конкурсните трудови, инвеститорот се стекнува со право да ги користи целосно или делумно и повеќекратно.

Оценување на трудовите

Конкурсните трудови ќе ги оценува Одборот за подигање на спомен – обележја при Советот на општина Струмица.

Одборот ќе ги објави резултатите од конкурсот во дневниот печат во рок од 8 дена од денот на изборот.

Бр. 08-3632/1                        Одбор за подигање на спомен – обележја

17.04.2015 год.                                               Претседател

С т р у м и ц а                                Петар Божинов