Во општинските основни училишта „Маршал Тито“ од Муртино и „Маршал Тито“ од Струмица, деновиве се реализираа активности планирани со Акциониот план по проектот што го финансира Детската фондација Песталоци, а го имплементираат МЦГО-Скопје, БРО и избрани општини, меѓу кои и општина Струмица.Учениците од одделенска настава одржаа заеднички час по наставниот предмет Општество, а учениците од предметна настава подготвија нагледен час по наставниот предмет Граѓанско образование.
По наставната програма од наставниот предмет Општество, во подрачното училиште во Банско се учеше за сообраќај, а во општинското основно училиште „Маршал Тито“ од Струмица, се учеше за општините во Република Македонија, со посебен акцент на општина Струмица. На часот од Граѓанско образование се учеше за информирањето во современото општество.Целта на овие заеднички часови е подобрување на меѓусебната соработка, меѓуетничката интеграција во воспитно-образовниот процес и интеркултурното образование. Во наредниот период, од редот на учениците опфатени во овој проект ќе се формираат фокус групи за прибирање на информации за постигнатите резултати. Проектот започна пред три години и е определен во три циклуси, а ќе трае до 2020 година.