Општина Струмица преку Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, во соработка со вработените, родителите и децата од градинката „Детска радост“, во рамките на кампањата за пешаците, ја реализираа активноста под мотото „Да им дадеме пример на децата како да се однесуваат во сообраќајот“.
За децата од детската градинка со претставници од сообраќајната полиција, се организираа нагледни предавања со практично постапување на децата при преминување на улица на пешачки премин и на места надвор од пешачки премин.