Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица во изминатата недела имала вкупно 12 интервенции во градот и населените места.Најголем дел од интервенциите и во овој период се однесуваат на гаснење на запален отпаден материјал, запалени нискостеблеста шума, трска и сува трева, запалени оџаци, а останатите се технички интервенции во индивидуална семејна куќа и колективни станбени згради.