Во прекрасниот амбиент на амфитеатарот во големиот градски парк премиерно беше изведена претставата „Дневникот на Марта“ од Горјан Петрески, во режија на Кире Ѓоргиев, а во која играат ученици од општинското основно училиште „Видое Подгорец“ од Струмица.
Претставата е дел од проектот „Популаризирање на театарските претстави во основните училишта“ кој финансиски е поддржан и од градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.Оваа претстава се подготвуваше три месеци и прекрасната изведба на младите актери остави силен впечаток кај присутните во амфитеатарот, меѓу кои беа и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и претставници на општинската администрација.