На 28.04.2015 година се спроведе редовна проверка на примената и одржувањето на Системот за управување со квалитет ISO 9001:2008 и Системот за управување со животната средина ISO 14001:2004.
Проверката беше извршена од страна на овластени претставници на словенечкиот институт за мерење на квалитет SIQ. Со проверката беа опфатени сите Сектори на општинската администрација.На завршниот состанок, од страна на проверувачите, беше изразено огромно задоволство од одржувањето и примената на стандардите за управување со квалитет и управување со животната средина.До средината на овој месец се очекува официјалниот извештај на SIQ со кој ќе се потврди успешната примена и одржувањето на двата стандарда.