Општина Струмица денеска му оддаде достојна почит на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев. По повод 112 годишнината од неговото загинување, пред неговиот споменик на истоимениот плоштад, беше положено свежо цвеќе, а за неговиот живот и дело зборуваше Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица.