Во општинското основно училиште „Видое Подгорец“се одржа регионалниот натпревар по сообраќај „Детски семафор“ 2015. Добредојде на сите присутни, а успех во натпреварот на учесниците им посака директорот на училиштето, Леонид Танчев.

Сообраќајните натпревари на учениците од основните и средните училишта имаат за цел пошироко да ги ангажираат учениците за стекнување и проширување на знаењата од областа на сообраќајно – техничката култура, како завршен дел од работата на сообраќајно – техничкото образование и воспитување на учениците изведени низ редовните наставни содржини и воннаставни активности, рече Танчев.На натпреварот учествуваа ученици од Струмица, Радовиш, Валандово, Богданци и Гевгелија и тоа 20 учесници во мала група, 10 во голема и 9 учесници од средните училишта. Тие се натпреваруваа во полагање писмен дел и во вешто возење на велосипеди на посебен полигон.На овој регионален натпревар Струмица го освои првото место, а со освоените први места во своите категории, Сара Стојанова ученичка од основното училиште „Сандо Масев“ и Филип Певкев ученик од основното училиште „Маршал Тито“ станаа членови на екипата која ќе учествува на државниот натпревар кој што ќе се одржи во Скопје.