Oпштина Струмица организира крводарителска акција за повредените припадници на полицијата во акцијата во Куманово. Во крводарителската акција која што ќе се спроведе на 14.05.2015 (четврток) од 8,00 до 14,00 часот ќе учествуваат вработените во општинската администрација.Оваа крводарителска акција е 17-та по ред која што се одржува во организација на општина Струмица, а истата е отворена за сите хумани луѓе кои сакаат да ја подарат својата драгоцена течност.Акцијата ќе се реализира во соработка со Црвениот крст и службата за трансфузиона медицина.