Врз основа на член 99 , и член 122 став 4 од Законот за заштита на животната средина (Сл.в на РМ бр:53/2005, бр:81/2005 , бр:24/2007, бр:159/08, бр:83/2009, бр:48/2010, бр.124/2010 , бр.51/2011, 123/12, 93/13 187/13, 42/14 и 44/15) Градоначалникот на Општина Струмица врши:
ОБЈАВУВАЊЕ
на Барањето за Б Интегрирана еколошка дозвола за сепарација :
Друштво за производство, трговија и услуги „СИЛОТЕР“ ДОО Струмица
Врз основа на член 124 од Законот за заштита на животната средина (Сл.в на РМ бр:53/2005, бр:81/2005 , бр:24/2007, бр:159/08, бр:83/2009, бр:48/2010, бр.124/2010 , бр.51/2011 и бр 123/12, 93/13 187/13, 42/14 и 44/15 ) , Операторот на инсталацијата Друштво за производство, трговија и услуги „СИЛОТЕР“ ДОО Струмица поднесе Барање за Б Интегрирана еколошка дозвола . Врз основа на член 99 и член 122 став 4 од Законот за заштита на животната средина (Сл.в на РМ бр:53/2005, бр:81/2005 , бр:24/2007, бр:159/08, бр:83/2009, бр:48/2010, бр.124/2010 , бр.51/2011 23/12, 93/13 187/13, 42/14 и 44/15 ), Градоначалникот на општина Струмица ја информира заинтересираната јавност дека сите потребни информации за Барањето за Б Интегрирана еколошка дозвола , ќе бидат достапни во:
Просториите на општина Струмица (дом на Арм), во одделението за Заштита на животната средина.
На web страната на општина Струмица www.strumica.gov.mk
Заинтересираната јавност своите забелешки може да ги достави усно до Одделението за заштита на животната средина или на електронската адреса на одделението за Заштита на животната средина ekologija@strumica.gov.mk
Писмено обраќање до општина Струмица, ул.„Сандо Масев„ бр.1, 2400 Струмица
Информации за инсталацијата може да се добијат во „СИЛОТЕР“ ДОО Струмица кај лицето Елена Ристова.
Инсталацијата ќе врши ископ,дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини. Истите ќе се користат за производство на бетон и армиран бетон. Во процесот на инсталацијата ке се користи електрична инсталација и вода.
Време за увид во планскиот документ ќе биде од 8:00 – 16:00 часот, во периодот од 12.05.2015 до 10.06. 2015 година ( 30 дена ).
ОПШТИНА СТРУМИЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
Зоран Заев