Општина Струмица реализира градежни активности на улицата „Стив Наумов“ во Струмица. На делот после мостот накај градските гробишта се санираа последиците од последните поројни дождови, таму е поставен нов потпорен ѕид, а се санираше и оштетениот дел од тротоарот. На истата улица се врши и бетонирање на сокак од куќниот број 127 до куќниот број 133.