Во рамките на Програмата за еколошка едукација во македонскиот образовен систем, СОУ ,, Димитар Влахов,, од Струмица, од страна на Министерството за образование и наука, го доби највисокото еколошко признание ,,Еко училиште,, со статус на ,,Зелено знаме,, . Според зборовите на директорот на училиштето Димитар Ѓорѓев, признанието е резултат на исполнувањето на четирите еко стандарди: заштеда на енергија, заштеда на вода, одржување на учулишната зграда и уреден училишен двор. Инаку минатата учебна година СОУ ,,Димитар Влахов,, ја доби третата награда на конкурсот, здобивајќи се со ,,Бронзено знаме,, .