Основната организација на Црвениот крст при Општина Струмица во соработка со Заводот за трансфузиона медицина и Црвениот крст на Струмица, денес ја спроведоа редовната 17. крводарителска акција, како дел од годишната Програма на македонскиот Црвен крст.
Вработените во општинската администрација, најдрагоцената течност ја даруваа за потребите на повредените полицајци во неодамнешниот вооружен судир во Куманово, со желба тие што побрзо да се вратат во кругот на своите семејства и на работните места. Според зборовите на Тимо Комаров, претседател на ОО на Црвениот крст при Општина Струмица, кој денес по 36. пат даруваше крв, акцијата поминала успешно, а истата била оворена и за останатите граѓани од општината.