Во рамките на градежните активности кои што општина Струмица ги изведува во овој период од годината, се градат потпорни ѕидови на поројот „Крушевска Република“. Денеска завршува изградбата на потпорниот ѕид во близина на Момин бунар, односно, пред куќните броеви од 185 до 189, а ќе почне изградбата на уште еден потпорен ѕид од другата страна на поројот од Момин бунар до улицата „Караорман“. По завршувањето на овие потпорни ѕидови ќе започне бетонирањето на дел од улицата „Егејска“, а ќе се изврши и реконструкција на каскада со потпорен ѕид на улицата „Крушевска Република“.