Во големата сала на НУЦК „Антон Панов“ денеска се одржа регионалната 13-та музичка ревија на песни и игри во која учествуваа пензионери од осум општини од источна Македонија. Срдечно добредојде им посака претседателот на Советот на општина Струмица,
Во големата сала на НУЦК „Антон Панов“ денеска се одржа регионалната 13-та музичка ревија на песни и игри во која учествуваа пензионери од осум општини од источна Македонија. Срдечно добредојде им посака претседателот на Советот на општина Струмица,
Јосиф Христов кој им порача дружењето и пријателствата да им бидат најголемиот бенефит од оваа манифестација.Ми претставува чест и задоволство што можам од името на градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, од името на Советот на општина Струмица и од мое лично име, да ги поздравам претставниците од Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија како организатори на оваа манифестација, раководството и членовите на Здружението на пензионери од Струмица кои ја имаат улогата на домаќини, учесниците на оваа ревија од Злетово, Штип, Лозово, Пробиштип, Свети Николе, Радовиш, Штип и Струмица, како и сите присутни посетители. Искрено се надевам дека гостите денес убаво ќе се чуствуваат во нашиов град, понесувајќи од оваа ревија убави спомени во своите средини, а Здружението на пензионери од Струмица, како и многу пати до сега, повторно успешно ќе го положи испитот на добар домаќин. Ви посакувам денес убаво да се провеселите со програмата од оваа манифестација, но весели, среќни и задоволни да останете и понатаму во вашите животи. Денес нека се пее и игра, но дружењето и пријателствата нека бидат главниот бенефит од оваа манифестација. Бидете живи и здрави и имајте на ум дека портите на Струмица секогаш ќе ви бидат отворени за убави нешта, рече Христов.