Во текот на месец мај во прво одделение за наредната 2015/2016 година во општинските основни училишта се запишале вкупно 482 ученика. Според податоците добиени од матичната служба треба да се запишат уште 230 ученици. Од одделението за образование при општина Струмица, денеска информираа дека очекуваат овие ученици да се запишат до почетокот на новата учебна година во септември.Во некои училишта повеќе од 90 посто е исполнет цензусот, како на пример, во училиштето „Видое Подгорец“ во Струмица се запишале 102 ученика во текот на месец мај, останува да се запишат уште 11 според податоците од тој реон, тоа е доста висока бројка во однос на минатата година.